Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп беше разочаран после ремито со Украина во квалификациите за СП.
Дешамп мораше да се правда пред новинарите зошто не ја искористил добро разработената негова формација, 4-2-3-1, бидејќи на овој меч излезе со формација 4-4-2.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ја пробав оваа формација против Моладвија пред две години, но ова не е Плејстејшн. Ти треба баланс во играта, вистински замени, но многу зависи и од противникот. Очекував Украина да биде затворена, но не до толку“, истакна Дешамп.
„Требаше да ја обезбедиме победата уште во првото полувреме имајќи предвид колку шанси создадовме. Во второто полувреме стана потешко. Примениот гол можеше да се избегне. Како и да е, се боревме до крај. Секако, сега сме разочарани“, додаде селекторот.