Тренерот на Барселона Роналд Куман директно го обвини Антоан Гризман што тимот не победил во дербито со Севиља (1:1).
Барселона во првите три кола постигна осум гола, а Гризман не учествуваше во ниту еден од нив. Минатата сезона, играчот за кого Барселона палти 120.000.000 евра, на 48 натпревари постигна 15 гола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По изјавата на Куман која силно одекна во медиумите се огласи и францускиот селектор Дидие Дешамп.
„Знам дека не е среќен во Барселона. Не сакам да се мешам во она што на моите играчи им се случува во клубовите, но Гризман игра на позиција на која никогаш не играл. Куман го користи на десното крило, дури и му кажал дека не разбира зошто неговите претходни тренери го користеле на друга позиција во нападот“.
„Мислам дека Антоан е најдобар кога игра во средината на теренот, таму каде што може да ја има топката. Тој не може како крилните играчи да ги дрибла своите противници, мора да ја има топката во нозете и да игра паметно“, изјави Дешамп.
Францускиот селектор дополни дека Гризман не ја коментира во јавноста својата ситуација во Барселона, а кога би проговорил на Куман не би му се допаднало она фудбалерот има да го каже.