Фантастични шест месеци за Андрас Кристенсен на „Стемфорд Бриџ“ доби како потврда на новиот договор денес данскиот стопер кој потпише со „Плавите“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Силниот дефанзивец ќе остане во Лондон до јуни 2022. година, а истовремено тоа значи и крај на илузијата за Бразилецот, Давид Луиз дека ќе добие нова шанса кај Антонио Конте откако, Данецот го потисна од првиот тим оваа сезона.
Бидејќи, Кистенсен веќе собра 22 настапи за Челзи во текот на есента, и тоа откако изминатото лето се врати по двегодишна позајмица во Борусија Менхенгладбах.
„Фантастично е чувството по потпишувањето на новиот договор и среќен сум што обезбедив иднина во Челзи. Одиграв доста натперевари, а уживам во овој клуб и ми се допаѓа што засега се добро функционира“, истакна Кристенсен за клупскиот сајт.