Дома Фудбал Останато Детето во Нејмар: Одмаздата за Кавани следеше преку социјалните мрежи (Видео)

Детето во Нејмар: Одмаздата за Кавани следеше преку социјалните мрежи (Видео)

Сега дефинитивно е јасно – Нејмар и Кавани воопшто не се во добри односи.

Соиграчите од ПСЖ синоќа имаа несекојдневна пресметка за тоа кој би требало да го изведе пеналот против Лион. Нејмар ја сакаше топката, но Кавани не му ја даде и така покажа дека се уште тој повеќе се прашува од Бразилецот во овој тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кавани го промаши пеналот, а во тој момент веројатно не постоеше посреќен од Нејмар, кој од пристигнувањето во ПСЖ од Барселона постигна веќе пет погодоци.

Ден по натпреварот против Лион, Кавани и Нејмар својата мала војна ја продолжија и на социјалните мрежи. Поточно, Бразилецот одлучи да се освети па на Инстаграм го тргна Кавани од листата личности кои го следат, но се уште не доби „повратен unfollow“ од Уругваецот.

Медиумите шпекулираат дека Нејмар ова го сторил поради синоќешниот судир на теренот, додека некои сметаат дека уругвајскиот напаѓач е прилично „досаден“ со честите објави на својот профил, па поради тоа го загубил вниманието од Нејмар.

Интересно, Нејмар по доаѓањето во ПСЖ објави многу фотографии со новите соиграчи и од соблекувалната, но на ниту една го нема Едисон Кавани. Најчесто на нив се наоѓа Мбапе.

Кога и дали воопшто ќе ги подобрат односите овие двајца фудбалери не е јасно, но сигурно дека Емери нема да дозволи двете големи ѕвезди на тимот да се однесуваат како деца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…