Дома Топ вести Детали од соблекувалната на Барса: Сетиен се извинувал, а Меси одржал говор од 40 минути

Детали од соблекувалната на Барса: Сетиен се извинувал, а Меси одржал говор од 40 минути

Фудбалерите на Барселона денес на свој терен во рамките од 27. коло во Ла Лига играат против Реал Сосиедад.

Каталонскиот клуб во овој натпревар влегува после поразот од Реал Мадрид минатиот викенд со 2:0 после кој и го изгубија лидерскто место на табелата. Јасно е дека ситуацијата во Барселона од поодамна не е најдобра, а атмосферата во соблекувалната е проблем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во јануари го отпушти Валверде и за нов тренер го назначи Кике Сетиен, но очигледно тој не се снајде најдобро во каталонскиот клуб.

Голем скандал се случи после „Ел Класико“ кога во центарот на вниманието беше неговиот помошник Едер Сарабија. Тој беснееше на играчите на Барселона во текот на натпреварот, а посебно на негова мета беше Гризман. Сарабија влегол во конфликт и со Меси на кого му пречело таквото однесување на помошникот на Сетиен.

„Мундо Депортиво“ вчера објави дека Сетиен им се извинил на играчите за однесувањето на својот помошник и повторил дека тоа нема да се случи.

Откако Сетиен ја напуштил соблекувалната зборот го превземал Меси кој одржал говор пред соиграчите кој траел дури 40 минути. Пораката која сакал Меси да ја пренесе била дека сите проблеми треба да се надминат и атмосферата да се врати на високо ниво ако сакаат нешто да направат оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…