Шохеи Охтани потпиша еден од најголемите договори во спортската историја. За 10 години во безбол тимот Лос Анџелес Доџерс ќе заработи 700.000.000 долари.
Меѓутоа, кога ќе се погледнат деталите од договорот, тоа нема да се случи, бидејќи одредена сума ќе оди на федералниот данок, кој изнесува 25,9 милиони долари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од нив 4,65 милиони отпаѓаат на државните даноци на Калифорнија, а 2,1 милиони на владата, а има и други видови даноци во износ од 3,64 милиони.
Кога сето тоа ќе се собере, конечно доаѓаме до цифра од 33,6 милиони долари.
И затоа е малку чуден потегот на Охтани, бидејќи доколку би избрал друг клуб во друга држава, би плаќал многу помалку данок, што автоматски значи дека ќе му останат уште повеќе пари.
Во МЛБ лигата се приклучи во 2018 година, а во претходните две сезони беше ол-стар играч, додека бележеше одлични резултати со репрезентацијата со која го освои златото на Светското првенство.