Дома Фудбал Лига на шампиони Детали за новата Лига на шампиони: Натпревари ќе се играат и во четврток!

Детали за новата Лига на шампиони: Натпревари ќе се играат и во четврток!

Од сезоната 2024/25 ќе гледаме сосема поинаква Лига на шампиони.

Како што претходно беше најавено, УЕФА го потврди новиот формат на Лигата на шампионите од почетокот на сезоната 2024/25. Ќе има 36 наместо 32 клуба како што е случај досега. Се укинува групната фаза и на секој клуб му се обезбедуваат десет натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На секој клуб ќе му се гарантираат најмалку 10 првенствени натпревари против 10 различни противници (пет дома и пет на гости), а не шест натпревари против три екипи како во актуелниот формат.

Првите осум клуба по десет кола би се пласирале во осминафиналето. Клубовите пласирани од 9 до 24 ќе играат во плеј-офот за осминафиналето и последните 12 клуба ќе го завршат натпреварувањето.

Поради поголемиот број на натпревари (180 наместо досегашните 96 во воведната фаза или дури 225 според новиот систем на натпреварување, од почеток до крај), тие ќе се играат не само во вторник и среда, туку и во четврток.

Промените ќе значат и дека тие ќе играат според форматот на тениските Грен слем турнири и ќе се укине правилото две екипи од иста земја да не можат да се сретнат на почетокот на нокаут фазата.

Извори на „ESPN“ открија дека на сите 24 клубови кои ќе влезат во нокаут фазата на натпреварувањето, веднаш ќе им биде познат патот до финалето и однапред ќе биде направена ждрепка, главно врз основа на пласманите во групи, исто како што е случај на тениските турнири.

Двете најдобри селекции во групната фаза до финалето нема да можат да се соочат бидејќи ќе бидат на различни страни во ждребот.

Сето ова е дел од големата реконструкција на Лигата на шампионите која доаѓа од сезоната 2024/25, а „ESPN“ тврди дека УЕФА се уште ги разгледува сите детали кога е во прашање нокаут рундата, но дека ваквиот „тениски“ форматот е повеќе од сигурен.

Извори за „ESPN“ изјавија дека групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе заврши на крајот на јануари, додека во Конференциската лига таа би завршила во декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…