Поминаа десет години од најбизарниот гол постигнат во историјата на Премиер лигата.
Во сезона 2009/10 Сандерленд го совлада Ливерпул, а голот кој го постигна Дарен Бент засекогаш ќе остане запаметен во историјата на англискиот фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Напаѓачот на Сандерленд шутираше кон голот на Црвените на кој стоеше Пепе Реина. Топката на патот кон голот го погоди балонот кој го фрли еден од навивачите на домашниот тим и се одби во мрежата.
Залудни беа протестите на Ливерпул. Голот беше признат, а на крајот е прогласен за еден од најбизарните во историјата на фудбалот.
Судијата Мајк Џонс бил во шок кога го сретнал Бент на полувремето.
„Се сеќавам на неговото лице на полувремето. Ме праша дали ја погодив топката, а кога му признав, се виде паника на неговото лице. Сфати дека направи голема грешка.“ – изјави Бент.
???
— Football Memories (@FM_Twittah) October 17, 2017
17 October 2009 do you remember the Beach Ball #Goal#Sunderland v #LiverpoolFC#lfc #ynwa #SAFCFanFest #SAFC @SunderlandAFC @PReina25 pic.twitter.com/KsfYpLs8zZ