Дома Фудбал Италија Дерби на Италија: „Малолетниот“ Интер на матурски испит кај „старата госпоѓа“

Дерби на Италија: „Малолетниот“ Интер на матурски испит кај „старата госпоѓа“

Утре на програмата е едно од најголемите дербија во Серија А, популарното „Derby d’Italia“ каде Јувентус на својот стадион ќе го пречека историски најголемиот ривал, тимот на Интер.

Јувентус во овој натпревар влегува како фаворит, додека Интер доаѓа во Торино да покаже дека е „дораснат“ да и се спротистави на „старата дама“ и да ја најави кандидатурата за Скудето.

Јувентус со најдобар старт во историјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И покрај фактот што „бјанконерите“ освоија седум титули со ред, оваа сезона покажаа дека се уште не се „сити“, па предводени од Кристиано Роналдо го запишаа најдобриот старт во историјата (после 14 кола имаат 13 победи и едно реми).

Јувентус првиот пораз оваа сезона го доживеа против Манчестер Јунајтед (1:2) во Лигата на шампиони, но после тоа се вратија на победнички стази со четири победи по ред. Притоа, победија на гости против Милан и Фиорентина и во овој меч влегуваат во одлично расположение.

За навивачите на „старата дама“ овој натпревар е најважен во сезоната, бидејќи на гости им доаѓа најомразениот ривал. Разликата помеѓу двата тима во моментов е цели 11 бода, па со победа Јувентус ќе дефинитивно ќе им ја тргне од главата помислата за Скудето на „нероаѕурите“. За овој меч тренерот Алегри нема да може да смета на Алекс Сандро, а неизвесен е и Бентанкур, но во тимот се враќа Емре Чан.

Спалети во главната битка без својот омилен „војник“

После низата од девет победи во девет меча, Интер падна во формата и сега има само една победа на последните пет меча во сите натпреварувања. Фановите очекуваа оваа сезона „нероаѕурите“ конечно да му фрлат ракавица на вечниот ривал, но во моменов заостануваат цели 11 бода.

Во овој меч Спалети ќе сака да покаже дека неговиот тим конечно е „дораснат“ за големи нешта, а победа на ова гостување може да го промени целиот тек на сезоната. Хендикеп за тренерот е што нема да може да смета на својот омилен „војник“, Раџа Наинголан, кој е повреден.

Сепак, Мауро Икарди е најсилно оружје на гостите од Милано. Јувентус е омилената „жртва“ на Аргентинецот, кој на 11 меча и даде дури 8 гола на „старата дама“. Овој пат Икарди ќе има поддршка од Перишиќ и Кеита Балде, па сигурно ќе сака да ја продолжи добрата традиција против „бјанконерите“.

Ова ќе биде 233-то дерби помеѓу вечните ривали. Јувентус е поуспешен до 105 победи, 70 пати славел Интер, а 57 меча завршиле без победник.

Веројатни состави:

Јувентус: Шчешни, Кансело, Бонучи, Киелини, Де Шиљо, Пјаниќ, Матуиди, Емре Чан, Дибала, Манџукиќ, Роналдо.

Интер: Хандановиќ, Дамброзио, Скриниар, Де Вриј, Асамоа, Весино, Брозовиќ, Борха Валеро, Перишиќ, Кеита, Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн потврди: Го сакаме Алонсо!

Почесниот претседател на Баерн Ули Хенес изјави дека има мали шанси Чаби Алонсо да го през…