Дефинитивно Италија е една од земјите која е најмногу погодена со коронавирусот, но како што сега стојат работите, полека животот се враќа во нормала. Фудбалската сезона почнува, а во рамките на ½ финалето од италијанскиот куп се сретнуваат екипите на Јувентус и Милан вечер од 21:00.
Јувентус: Целта е триплета, а колку е тоа реално?
Пред се, впечатокот е дека фудбалерите на Јувентус доминираат оваа година во италијанскиот фудбал како што тоа беше случај во претходните неколку сезони. Имено, иако избраниците на Сари се наоѓаат на првото место, со само еден бод во однос на Лацио, делува дека нешто не е како што треба, бидејќи во претходните години, Јувентус во овој дел од сезоната имаше огромна предност и многу често ја славеше титулата. Екипата од Торино во минатата сезона немаше многу среќа и беше елиминирана од Аталанта, а сега стигнаа доста далеку. Во последното коло пред паузата, Јувентус во големото дерби во Торино славеше со 2-0 против Интер.
Милан: Можат ли Росонерите до трофеј во Купот?
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Што се однесува до Милан, ова ќе биде уште една сезона за заборав. Росонерите како што изминуваше сезоната стекнаа само една единствена цел, а тоа е Купот. Избраниците на Пиоли стигнаа до 7-то место на табелата и искрено сега е веќе доцна за да направат некој успех во Серија А. За работите да бидат уште полоши, еден од најдобрите фудбалери на оваа екипа Златан Ибрахимовиќ доживеа повреда, па сигурно е дека тоа е биде голем хендикеп за тимот од Милано. Оваа сезона, Милан повторно игра без координација, па искрено сега имаат тежок испит.
Наш предлог
Пред се, треба да се напомне дека ова е прв официјален меч за двете екипи после паузата од три месеци. Старата дама е фаворит, но сепак овде треба да се избегне конечниот исход. Ние како прв предлог ви нудиме ГГ со квота 2.00 во 1xBet, а исто така може да пробате и со 3+ со квота 1.87 во истата обложувалница.