Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дерби на денот: Холандија сака да ги сруши соништата на Меси

Дерби на денот: Холандија сака да ги сруши соништата на Меси

Денес почнуваат четвртфиналните пресметки на Мундијалот во Катар, а најголемо внимание секако привлекува дуелот помеѓу Холандија и Аргентина.

Ова е можеби најнеизвесниот четвртфинален дуел според квалитетот на репрезентациите и сето она што го покажаа во досегашниот дел од Мундијалот. Двете репрезентации имаат за цел пласман во полуфиналето, па ова ќе биде серизона препрека, а место таму има само за еден.

Холандија сака да ги уништи соништата на Меси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холандија имаше релативно лесно работа во групната фаза каде беше изразит фаворит и очекувано го освои првото место во групата. Во осминафиналето ја надиграа селекцијата на САД, што беше и очекувано, па впечатокот е дека „лалињата“ полека ја темпираат формата. Меѓутоа, ова ќе биде најтежок испит до сега за Холандија, особено за одбраната, која до сега прими само два гола. Меѓутоа, дефанзивната линија и покрај малиот број на примени голови покажа голема несигурност па селекции како Катар и САД лесно им создаваа шанси. Интересно е што Холандија има само еден пораз во оваа фаза на Светските првенства, па „лалињата“ го сонуваат успехот од 2010 и 2014 година кога беа второ и трето место. Добра вест е што Ван Гал на располагање ги има сите репрезентативци и не се очекуваат големи промени од тимот со кој играше во групната фаза.

„Гаучосите“ ја сонуваат „Божицата“

Ова е секако последен обид за Лионел Меси да ја однесе Аргентина од титулата светски шампион и да добие статус на „бесмртен“ како неговиот идол Марадона. Лео е еден од најголемите фудбалери во историјата, но секако оваа титула е највредна и може да ја комплетира неговата кариера. Аргентина иако на катастрофален начин го отвори Мундијалот со пораз од Саудиска Арабија, сепак успеа да ја накрене формата и потоа покажа зошто е еден од фаворитите, па го освои првото место во групата. Тоа им донесе релативно лесен противник во осминафиналето, па „гаучосите“ немаа големи проблеми против Австралија. Иако победија со 2:1 се чини дека можеа многу полесно да дојдат до победата и само ја темпираа формата за оваа фаза од шампионатот. Ова е секако најсериозен испит за Меси и дружината, но ако целта е „Божицата“, тогаш Холандија не би требало да претставува голем проблем. Голем хендикеп за „гаучосите“ во овој дуел може да претставува евентуалнотоо отсуство на Де Паул. Фудбалерот на Атлетико е под знак прашалник, а до сега беше еден од најдобрите во селекцијата.

Очекување

Дуел на две репрезентации кои играат отворен фудбал, па очекуваме многу возбудувања и голови. Впечатокот е дека дефанзивата сепак ќе го одлучи победникот и таа репрезентација која ќе одигра поорганизирано во одбрана ќе оди во четвртфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…