Дома Фудбал Дерби на денот: Симеоне ќе ги тестира „кралевите“

Дерби на денот: Симеоне ќе ги тестира „кралевите“

Денес во фокусот на вниманието секако ќе биде мадридското дерби во Примера. Реал во ова дерби влегува после перфектен старт во првоте шест кола, додека Атлетико имаше шокантент пораз во претходното коло. Градските ривали особено го засилија ривалитетот во последните години после двете финалиња во Лигата на шампиони.

Атлетико знае како се игра против Реал

Минатата сезона беше за заборав за Атлетико и беше една од најслабите во последните години, па „јорганџиите“ ќе сакаат што побрзо да ја заборават. Оваа сезона четата на Симеоне ќе се обиде повторно да се замеша во битката за титулата, но се чини дека тешко ќе успее против Барса и Реал. Атлетико до сега има одиграно само четири меча на кои запиша две победи, едно реми и изненадувачки пораз минатото коло од Валенсија. Па така „јорганџиите“ веќе заостануваат од врвот и немаат право на кикс на ова дерби. Сите во клубот знаат дека со победа против најголемиот ривал може да биде пресврт на сезоната и зголемување на самодовербата на тимот. Кога се во прашање трансферите во Атлетико имаа релативно мирно лето, а најмногу беше засилена одбраната со Сојунџу и Аспиликуета.

Реал неубедлив, но перфектен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ова лето направи промени во тимот, заминаа неколку важни фудбалери, пред се Бензема и Асенсио, а кога се во прашање засилувањата секако најважно е пристигнувањето на Белингам. Англичанецот веднаш се вклопи во тимот и беше херој за „кралевите“ и им донесе победи во неколку меча со своите голови. Сепак, впечатокот е дека Реал е неубедлив од стартот на сезоната, но е перфектен со шест победи во шест меча. Меѓутоа, неколку од нив пристигнаа со голови во последните минути, па и Анчелоти знае дека тимот ќе мора многу да напредува и да се поправа. Отсуството на „деветка“ од светска класа може да биде проблем долгорочно оваа сезона, бидејќо Хоселу не е тој калибар, а Винисиус е многу поопасен како крило. Во последно време Реал игра добро против градскиот ривал и има само еден пораз на послените пет меѓусебни натпревари. „Кралевите“ дефинитивно со поголема самодоверба влегуваат во овој меч, но јасно е дека ова е едно од најтешките гостивања во сезоната. Кога се во прашања повредите, Анчелоти и за овој меч нема да може да смета на Куртоа, Милитао и Карвахал.

Очекување

Очекуваме рамноправен и неизвесен дуел, а ваквите дерби натпревари најчесто ги одлучуваат мали детали. Сепак, веруваме дека ќе има голови на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси се сврте кон камерата и испрати важна порака🎥

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето кај Монтреал во меч од МЛС шампионатот и на тој …