Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Релаксираниот Баерн ќе го тестира Атлетико

Дерби на денот: Релаксираниот Баерн ќе го тестира Атлетико

Денес на програмата се натпреварите од 5-то коло во Лигата на шампиони, а дербито се игра во Мадрид каде Атлетико го пречекува актуелниот шампион Баерн Минхен.

Атлетико Мадрид: Лоши партии во ЛШ!

Ако ја погледнеме минатата сезона, сигурно се сеќаваме дека Мадриѓаните заиграа катастрофално, но после паузата започнаа со фантастични игри ии потполно заслужено стигнаа до третото место и изборија нов пласман во ЛШ каде што минатата сезона стигнаа и до ¼ финале каде што беа запрени од Лајпциг. Кога е во прашање овој шампионат, конкретно Ла Лига, сигурно е дека фановите се задоволни бидејќи се наоѓаат на третото место на табелата со само еден бод помалку во однос на Реал Сосиедад. Што се однесува до ЛШ, избраниците на Симеоне потфрлија во претходното коло бидејќи и покрај тоа што беа огромни фаворити не успеаа да победат против Локомотив Москва.

Баерн Минхен: Уште една успешна сезона на повидок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вистинско уживање е во последниве години да се гледа Баерн Минхен, бидејќи игра еден модерен и офанзивен фудбал за гол повеќе. Сето тоа во минатата сезона им донесе тројна круна што воопшто не  е мала работа. Баерн во минатото коло во рамките на ЛШ без поголеми проблеми го совлада тимот на Салзбург со 3-1. Кога е во прашање германскиот шампионат, впечатокот е дека Баерн нема достојна конкуренција во германскиот фудбал. Моментално се на првото место со предност од два бода во однос на второпласираниот Лајпциг, а во минатото коло без поголеми проблеми го совладаа Штутгарт на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…