Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Последен обид за Мбапе да стане вечен во Париз

Дерби на денот: Последен обид за Мбапе да стане вечен во Париз

Денес во фокусот ќе биде големото дерби во четвртфиналето од Лигата на шампиони помеѓу ПСЖ и Барселона.

Дуел на два тима кои се борат за трофејот оваа сезона и се едни од фаворитите. Луис Енрике ќе се соочи со својот поранешен тим и истакна дека ќе направи се за да го елиминира, па тоа е предуслов за возбудливо дерби.

ПСЖ е фаворит од сенка


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


ПСЖ веќе неколку сезони наназад е еден од главните фаворити за освојување на Лигата на шампиони, но никако да дојде до најспосакуваниот трофеј. Оваа сезона направија големи промени во тимот, заминаа двете најголеми ѕвезди Лео Меси и Нејмар, па сега главен адут е Килијан Мбапе и целата игра се заснова на Французинот. Меѓутоа, Луис Енрике успеа да направи балансиран тим, па иако не е меѓу главните фаворити, сепак ПСЖ оваа сезона е фаворит од сенка. Во групната фаза ПСЖ беше во најтешката група и едвај се пласира во елиминациите со ист број бодови како Милан, но подобра гол разлика. Во осминафиналето лесно го мина Сосиедад, а сега го чека дуел со Каталонците, со кои изминатите години имаа легендарни дуели. ПСЖ има нерасчистени сметки со Барселона и тоа ќе биде доплнитетелен мотив, па ќе се обиде да го искористи домашниот терен и да обезбеди предност пред реваншот.

Барса не треба никогаш да се потцени

Барселона не ги оправда очекувањата оваа сезона и моментално се наоѓа на второто место во Ла Лига со цели осум бода заостанување зад лидерот. Чави сигурно нема да се предаде до крај, но малку кој верува дека Каталонците можат да ја одбранат титулата. Барса не игра на препознатливото ниво, но последно време ја поправи формата и немаат пораз цели десет натпревари. Во Лигата на шампиони овој тим има искуство и знае да игра на резултат што покажа во осминафиналето, кога без поголеми проблеми го елиминира Наполи. Меѓутоа, ова ќе биде вистински тест за Каталонците бидејќи играат против многу квалитетен противник. Не се фаворити во овој двомеч и тоа може да биде предност, бидејќи Барселона не треба никогаш да се потцени. Во тимот има шампиони кои можат да го решат мечот со еден потег, како Левандовски, а целта секако ќе биде да се обезбеди добар резултат во Париз и пласманот да се решава на домашен терен.

Очекување

Дуел на два тима кои играат отворен фудбал, па очекуваме возбудлив меч, меѓутоа секако предноста е на страната на домаќините па очекуваме ПСЖ да обезбеди предност во првиот меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …