Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дерби на денот: Меси или Модриќ, место во финале има само за еден

Дерби на денот: Меси или Модриќ, место во финале има само за еден

Сите очи денес ќе бидат вперени на стадионот „Лусаил“ каде се игра првото полуфинале на Мундијалот во Катар.

Хрватска и Аргентина ќе ги одмерат силите, а влогот е билет за големото финале. „Коцкестите“ сакаат да дојдат до првата титула во својата историја,  додека Аргентина на „Божицата“ чека од 1986 година.

Меси ја сонува Божицата


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Сонот за освојување на Светско првенство е жив за Лео Меси и милиони негови фанови кои навиваат Аргентинецот да замине во репрезентативна пензија со најголемиот трофеј кои му недостасува во колекцијата. Остварувањето на сонот ќе му донесе бесмртност во Аргентина и статус на најголем фудбалер во историјата на оваа фудбалска земја. Сепак, патот до Божицата нема да биде лесен бидејќи му претстојат два многу тешки натпревари, а најпрво на патот стои Модриќ со својата дружина. Аргентина го почна Мундијалот со шокантен пораз од Саудуска Арабија, но „гаучосите“ потоа со две победи успеаа да го освојат првото место во групата. Потоа во елиминациите немаа проблем против Австралија, а во четвртфиналето ја елиминираа Холандија после изведување на пенали. Аргентинците им се должници на Хрватите кои ги елиминираа на претходното Светско првенство. Тренерот Скалони за овој меч нема да може да смета на Акуња, кој има жолти картони, а остатокот во стартниот тим не би требало да има промени.

Хрватска знае како се стигнува до финале

Просто неверојатно звучи фактот дека на два последователни Мундијали Хрватска е меѓу четирити најдобри репрезентации, но треба да се потенцира дека е целосно заслужено. Модриќ и дружината сакаат пласман во уште едно финале и овој пат да појдат чекор подалеку и да постигнат историски успех. Хрватска го освои второто место во групата, а потоа во елиминациите два пати беа поуспешни после изведување на пенали. Меѓутоа, Хрватска го елиминира најголемиот фаворит на овој Мундијал, селекцијата на Бразил, па според многумина тоа е најголемата победа во историјата на оваа држава. Тоа има дава голема самодоверба на „коцкестите“ и веруваат дека сега ќе можат да го повторат истиот успех и против Аргентина. Најсилниот дел на оваа репрезентација е секако средниот ред, Модриќ – Брозовиќ – Ковачиќ, кој се очекува и на овој меч да одигра клучна улога. Селекторот Далиќ нема проблем со недостапни фудбалери, па не се очекуваат промени во тимот.

Веројатни состави:

Агентина: Мартинез, Молина, Ромеро, Отаменди, Таљафико, Фернандез, Де Паул, Мекалистер, Ди Марија, Меси, Алварез.

Хрватска: Ливаковиќ, Јурановиќ, Гвардиол, Ловрен, Соса, Модриќ, Брозовиќ, Ковачиќ, Пашалиќ, Крамариќ, Перишиќ.

Очекување

Очекуваме двете репрезентации да влезат претпазливо во мечот и да гледаме израмнет дуел, кој ќе го одлучуваат мали детали. Поради тоа веруваме дека нема да има многу голови на овој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…