Дома Фудбал Англија Дерби на денот: Ливерпул сака да им ја симне круната на „граѓаните“

Дерби на денот: Ливерпул сака да им ја симне круната на „граѓаните“

Денес секако во фокусот ќе биде дербито во Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул. Судир на титаните во Премиер лигата и дуел на два тима кои до крај ќе се борат за титулата, па овој дуел може да биде од клучно значење за крајниот исход.

Може ли Ливерпул да издржи до крај?

Ливерпул минатата сезона разочара и не успеа да се пласира во Топ 4, па очекувањата за оваа сезона беа многу поголеми. Клоп донесе неколку големи засилувања во летниот преоден рок, па се оди според плановите оваа сезона. Ливерпул е еден од главните фаворити за титулата и моментално е лидер на табелата, па сигурно до крај ќе се бори да ја врати титулата на „Енфилд“. Тимот е во одлична форма и на последните шест меча има еден пораз и запиша пет победи. Клоп соопшти дека ова е последна сезона за него на кормилото, па тоа треба да му даде посебен мотив на тимот да го испрати со титула. Сега на гости им доаѓа најголемиот ривал, па со победа на овој меч ќе се вратат на врвот и ќе бидат чекор поблиску до титулата. Домашниот терен секако ќе биде голема предност, но Ливерпул нема победа на последните три меча со „граѓаните“ и ова за нив сигурно е најтешкиот меч сезонава. Битката за титулата ќе биде исклучително интересна до крај, а на овој меч ќе се покаже дали Ливерпул може да издржи до крај.

Сити сака да се врати на врвот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После одличната сезона со тројна круна, оваа сезона не почна најдобро за „граѓаните“, кои имаа неколку лоши резултати на стартот. Најголема причина за тоа беа повредните на важните фудбалери. Де Брујне го пропушти првиот дел од сезоната, исто како и Халанд кој долго време беше надвор од терените. Меѓутоа, Сити покажа дека има широк состав, па и без двајцата најдобри фудбалери се задржа на врвот, а сега работите полека се поправаат. Со враќањето на овие двајца фудбалери „граѓаните“ влегоа во серија од победи и сега заостануваат само два бода зад лидерот, но имаат и натпревар помалку. Сето тоа го прави Сити повторно фаворит за титулата, но оваа сезона ќе биде многу потешко бидејќи покрај Ливерпул на титулата атакува и Арсенал. Гвардиола ова го најави како клучен дуел, иако сезоната е се уште долга. „Граѓаните“ се наоѓаат во исклучителна форма и минатото коло го победија градскиот ривал, но ова по традиција е најтешкото гостување за Сити.

Очекување

Дуелите на овие два тима се секогаш неизвесни но богати со голови, па веруваме дека така ќе биде и овој пат и дека ќе гледаме ефикасен и возбудлив меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…