Фудбалот од поодамна стана и голем бизнис, а „Нероаѕурите“ ги „тријат рацете“ пред големото дерби.
„Дерби дела Мадонина“ е едно од најголемите градски дербиња во светот. Децении наназад гледаме фантастични и не баш атрактивни натпревари помеѓу „росонерите“ и „нероаѕурите“, но едно е сигурно – возбудувања нема да недостасуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Посебно ако се знае дека „Сан Сиро“ (или „Џузепе Меаца“, зависно од кои дел на Милано гледате) ќе биде преполн.
Така ќе биде и вечерва од 20:30 часот кога Интер кој е домаќин откри дека продал 78.725 влезници. Покрај тоа Интер го објави и приходот кој изнесува – пет милиони евра!
Con 78.725 spettatori #InterMilan è soldout! Incasso di oltre 5 milioni di Euro, nuovo record per il #DerbyMilano. Grazie #InterFans! ???#ForzaInter #InterMadeOfMilano #InterIsHere
— Inter (@Inter) October 21, 2018