Дома Топ вести Дерби „дела Мадонина“ за новата италијанска ѕвезда

Дерби „дела Мадонина“ за новата италијанска ѕвезда

Следното коло на програмата во Серија А е големото миланско дерби „дела Мадонина“, но Милан и Интер ќе играат уште еден многу важен натпревар за потписот на Николо Барела.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот играч за врска игра фантастично во дресот на Каљари, а неодамна го одигра и првиот меч за италијанската репрезентација каде доби најдобра оценка од критичарите.

Барела важи за еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал, а по стилот на игра многу потсетува на Наинголан.

За него силен интерес покажуваат многу европски гиганти, но медиумите тврдат дека главната битка ќе се води помеѓу Милан и Интер.

Миланските гиганти веќе оствариле контакт со менаџерот на 21-годишниот Италијанец чија моментална вредност изнесува околу 40 милиони евра. Експертите немаат сомнеж дека станува збор за новата голема ѕвезда на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…