Дома Македонски спорт Мак фудбал Дерби во Маџари: Вардар домаќин на Шкупи!

Дерби во Маџари: Вардар домаќин на Шкупи!

Дешниот ден носи натпревари од второто коло во македонското фудбалско првенство, а дербито се игра во Маџари помеѓу Вардар и Шкупи.

Ова е прв натпревар помеѓу скопските ривали по враќањето на Вардар во Првата лига, па сигурно дека привлекува и внимание од јавноста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар влегуваат комплетни во натпреварот и ќе можат да сметаат и на новите засилувања. Шкупи во последните неколку дена направи промени во тимот, заминаа Хамиди и Цефас, но пристигнаа Хаџиќ, Нилтон Родригез и Луан Абази.

Во натпреварот Вардар влегува по минималниот пораз од Брера. Пораз во првото коло забележа и Шкупи во пресметката против Работнички со 3:1.

Во останатите натпревари денес играат Брера – Воска Спорт, Гостивар Тиквеш, Македонија Ѓорче Петров – Брегалница и Силекс Работнички. Натпреварот Шкендија – Струга е одложен поради настапот на стружани во квалификациите за Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…