Дома Останати Кошарка НБА Дербито во НБА за Вориорси, Вестбрук со трипл-дабл ја предводеше Оклахома до победа (ВИДЕО)

Дербито во НБА за Вориорси, Вестбрук со трипл-дабл ја предводеше Оклахома до победа (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт изминатата ноќ на гости го победија Хустон со 106:104.

Натпреварот беше многу чуден затоа што Вориорси често одеа на двоцифрена предност, а домаќините се враќаа се до самиот крај. Сепак, на крајот Рокетси немаа сила за целосен пресврт, па изгубија со два гола разлика.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вориорсите до триумфот ги предвоеше Клеј Томпсон кој уфрли 30 поени, запиша шест скокови и и две асистенции, додека Каусинс имаше учинок од 27 поени, осум скокови и седум асистенции. Кога во прашање е тимот на Хјусон Џејмс Харден уфрли 29 поени и запиша 10 асистенции и три скока.

https://youtu.be/WzS4eqaISHY

Од останатите натпревари ќе ја издвоиме победата на Оклахома против Бруклин Нетс со 109:96. Повторно одличен беше Расел Вестбрук со трипл-дабл учинок. Вестбрук уфрли 31 поен, имаше 12 скокови и 11 асистенции. Го следеше Пол Џорџ со 25 поени и 9 скокови.

Останати резултати:

Вашингтон – Орландо 100:90

Атланта – Мемфис 132:11

Мајами – Детроит 108:74

Феникс – Јута 97:114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…