Големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија во Скопје заврши без победник, а бодовната предност на актуелниот шампион останува 12 бода на врвот на табелата.
Шкендија сега е на чекор да ја обрани титулата, бидејќи им требаат само уште 12 бода, половина од преостанатите 24 бода.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Агим Ибраими во 18-та минута ја пропушти најубавата можност за Шкендија кога излезе сам пред Гачевски, но шутираше над голот.
Во второто полувреме Вардар беше подобар противник, имаше неколку спорадични шанси, но не успеа да постигне гол.
Во Струмица дербито за опстанокот помеѓу Беласица и Победа заврши без победник 1-1 исто како и натпреварот Македонија ЃП – Академија Пандев.
Работнички победи на гостувањето кај Ренова со 2:1, а со истиот резултат Шкупи славеше над Силекс.