Вчера беа одиграни првите осум натпревари од последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите, а драматична завршница видовме на неколку натпревари.
Лион губеше со 0:2, но успеа да изедначи и тој бод им донесе пласман во нокаут фазата благодарение на победата на Бенфика над Зенит од 3:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За 2:2 за Лион гол постигна Мемфис Депај кој после натпреварот влезе во конфликт со навивачите на Лион.
До инцидентот дојде на крајот на натпреварот кога Руди Гарсија им нареди на своите играчи да се поздрават со најверните навивачи на Лион. Се се случи поради навредливиот банер од навивачите за дефанзивецот на Лион, Марсело.
На играчите им засмета како се третира нивниот соиграч, а од сите се издвои Депај.
Mdr il a des couilles le Depay #OLRBL #badgones #marcelo #depay pic.twitter.com/eK85QQoAjR
— Niklas (@NiklasZe) December 10, 2019
Memphis Depay clearly having to be physically moved away from the fan in question by Jason Denayer. pic.twitter.com/yWtDcKHaXm
— Get French Football News (@GFFN) December 10, 2019