Француските медиуми силно го критикуваат Томас Тухел после синоќешниот пораз на ПСЖ од Лајпциг во Лигата на шампиони.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според „Паризиен“ германскиот стратег е многу блиску до излезната врата од „Паркот на Принцовите“. Изданието тврди дека Тухел не е во добри односи со спортскиот дикретор Леонардо.
Притоа, голем дел од ѕвездите на тимот во последно време се свртеле кон тренерот, па неговите денови во ПСЖ се изброени.
„Екип“ исто така упати критики кон Тухел и неговите одлучи. Весникот особено се прашува зошто Данило играл во одбраната, иако е играч за врска, а Маркињос играл во средниот ред, а е дефанзивен фудбалер.