Дома Фудбал Останато Деновите на Лев одброени: Клоп прв кандидат за нов селектор

Деновите на Лев одброени: Клоп прв кандидат за нов селектор

Јоаким Лев ќе остане селектор на Германија до Европското првенство следната година, потврди директорот на националниот тим Оливер Бироф по тешкиот пораз од Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Билд“ веќе има информации за потенцијален наследник на селекторското место. Еминентниот весник објави две имиња, а меѓу нив се Ханси Флик и Јирген Клоп.

Флик, наводно, е поблиску до преземање на репрезентацијата. Тој од 2006 до 2014 година имаше улога на помошник во националниот тим и поради тоа се шпекулира дека би бил подобар избор.

Од друга страна, Клоп не е реална опција. Тој има договор со Ливерпул на уште четири години и нереално е да се очекува дека би можел следното лето да го напушти тимот од „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…