Дома Фудбал Деновите на Ковач се изброени: Баерн има список од тројца тренери!

Деновите на Ковач се изброени: Баерн има список од тројца тренери!

Раководството на Баерн Минхен сериозно размислува да му додели отказ на тренерот Нико Ковач после серијата слаби резултати, пренесува угладниот „Билд“.

Баерн веќе четири натпревари не знае за победа, а по последниот пораз од Борусија Менхенгладбах на свој терен, позициајта на Ковач е сериозно разнишана.

„Билд“ пренесува дека најголема желба на Баварците е екс тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан но шансите да го донесат на „Алијанц Арена“ се мали.

Како алтернатива се споменуваат други двајца француски стратези кои се слободни во овој момент, а станува збор за Арсен Венгер и Лоран Блан.

Венгер во минатото потврди дека имал понуда од Баерн Минхен, но ја одбил бидејќи ги предводеше „топџиите“, па сега големи се шансите да седне на кормилото на Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…