Дома Фудбал Англија Денешниот тренинг на Манчестер Јунајтед започнал со едноминутно молчење

Денешниот тренинг на Манчестер Јунајтед започнал со едноминутно молчење

Играчите на Манчестер Јунајтед се подготвуваат за утрешното финале во Лигата на Европа против Ајакс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Целосниот мир и концентрација на играчите и тренерскиот персонал на Јунајтед ја расипа вчерашната трагедија која се случи во Манчестер, односно терористичкиот напад кој уби најмалку 22 животи.

Во Манчестер Јунајтед одлучија да не присуствуваат на официјалната прес конференција вечерва и добија дозвола од УЕФА.

Интересно е, и тоа што на денешниот тренинг, тимот на Жозе Мурињо го започна со едноминутно молчење и на тој начин им оддаде почит на жртвите од нападите, додека клубот издаде и официјална порака во која изрази сочуство до семејствата на жртвите.

Утрешното финале во Лигата на Европа се игра во Стокхлом, со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити е многу блиску до наследникот на Родри

Манчестер Сити е блиску до финализирање на преговорите за високо ценетиот играч од среднио…