Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген брани во фантастична форма, но за медиумите призна дека размислувал да ја напушти Барселона.
Тер Штеген пристигна во Барселона во 2014 година и неколку години се бореше со Клаудио Браво за местото прв голман на каталонскиот гигант.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во еден момент беше одлучено Тер-Штеген да ги брани натпреварите од Ла Лига, додека Браво на голот да биде во останатите натпреварувања. Таквата одлука на Германецот баш и не му се допаднала.
„Браво и јас добро се носевме со ситуацијата и борбата за кој да биде прв голман. Тој е одличен голман кој заслужуваше да биде на голот во тоа време. Тренерот не сакаше да го менува бидејќи имаше голман кој прави одлични работи“.
Тер Штеген потоа призна дека во тие моменти размислувал за промена на средината.
„Секако дека тогаш започнувате да размислувате за својата иднина бидејќи играњето е најважната работа. Не ми беше лесно ниту кога ми беше кажано дека ќе бранам во првенството, а Браво во останатите натпревари. Тоа не е она што го сакав. Во текот на 2016 година размислував да ја напуштам Барселона. Тогаш клубот ме избра мене. Мислам дека со моите настапи ја оправдав довербата која ми беше дадена“, изјави Тер Штеген.
Пред да пристигне во Барселона Германецот го бранаше голот на Борусија Менхенгладбах, каде што од младинските категории стигна до првио тим.
https://www.youtube.com/watch?v=j4CpfdhJBDE