Дома Фудбал Останато Денес во Приштина требало да се појави дрон со натпис: Косово е српско (ФОТО)

Денес во Приштина требало да се појави дрон со натпис: Косово е српско (ФОТО)

Денес во Приштина ќе се одигра натпревар од квалификациите за Европското првенство. Репрезентацијата на Косово на стадионот „Фадил Вокри“ ќе ја пречека селекцијата на Чешка.

Репрезентацијата на Косово се уште има изгледни шанси за пласман на ЕП и победа против Чешка би ги довела во одлична позиција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа натпреварот доби политички вовед. Во Косово пристигнаа одреден број чешки навивачи, а познато е дека добар дел од нив се со десна политичка ориентација. Исто така често на натпреварите на чешката репрезентација и некои клубови од оваа земја можат да се пронајдат транспаренти со „поддршка“ за Србија или подобро кажано пораки против независноста на Косово.

Овој пат чешките навивачи имале намера да внесат дрон на стадионот со знаме со натпис „Косово е српско“. Доказ за ваквата намера на чешките навивачи се фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…