Ливерпул тагува по поразот од Реал во финалето на ЛШ. Дополнително разочарување беше повредата на Мохамед Салах, а веќе денеска навивачите на тимот од Енфилд повторно се фатија за глава.
Иако релевантни француски медиуми веќе објавија дека репрезентативецот на Франција Набил Фекир скоро сигурно ќе го облече дресот на Црвените, тој денеска изјави дека не е блиску до договор со Ливерпул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не сум блиску до трансфер во Ливерпул. Преговарам со неколку клубови и нема да донесам одлука уште некое време. Сакам добро да размислам.“ – изјави Фекир.
24-годишниот офанизвен играч одигра одлична сезона во Лион. На вкупно 40 натпревари постигна 23 погодоци.
Тоа го привлече вниманието на менаџерот Јирген Клоп, но се чини дека на Енфилд ќе има уште едно разочарување доколку Фекир не го облече црвениот дрес.