Дома Останати Кошарка Денвер ја „растури“ Атланта со 45 поени разлика, Хјустон подобар од Вориорси во дербито (ВИДЕО)

Денвер ја „растури“ Атланта со 45 поени разлика, Хјустон подобар од Вориорси во дербито (ВИДЕО)

houston golden state

Tри интересни натпревари беа одиграни изминатата ноќ во НБА лигата.

Кошаркарите на Денвер ја победија Атланта со 138:93.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хернангомез беше најрасположен во редовите на Денвер и постигна 25 поени, запиша една асистенција и девет скока. Милисап и Харис уфрлија по 18. Во спротивниот табор најефикасен беше Лин со 16 постигнати поени.

Никола Јокиќ одигра добар натпревар и беше на чекор од дабл-дабл со учинок од 12 поени, седум асистенции и девет скокови.

Не и одеше на Атланта од самиот старт, Денвер направи серија од 13:0, имаше и +17 (25:8), а во продолжение од натпреварот со сигурна игра го зголемуваше водството.

На крајот Денвер славеше победа со 45 поени разлика и дојде до третата позиција на Западот со учинок од 10-5, додека Атланта се наоѓа на 14-тата позиција на истокот со 3-12.

Во дербито на вечерта Хјустон беше убедлив против Голден Стејт со 107:86. Џејмс Харден уфрли 27 поени, додека Дурант од спротивниот табор му парираше со 20.

Ова беше прв натпревар на Вориорсите после кофликтот кој го имаат Дурант и Грин околу последниот напад во натпреварот против Клиперси, па според многумина тоа беше причината за слабото издание.

Сепак, треба да се истакне дека поради повреда Голден Стејт се уште не може да смета на Стеф Кари.

Во третиот натпревар Клиперси славеа против Сан Антонио со резултат 116:111.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…