Дома Останати Кошарка НБА Денвер се извлече против Клиперси, шампионите елиминирани ?

Денвер се извлече против Клиперси, шампионите елиминирани ?

Денвер Наџентси успеаа да слават со 111:105 во петтиот натпревар од полуфиналето на Западот против Клиперси.

Со оваа победа Наџентси намалија на 3:2 во серијата и избегнаа елиминација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не им беше лесно на Наџентси бидејќи цел натпревар бркаа негатива, а пред крајот на полувремето предноста на Клиперси беше и +16. Сепак тие одиграа одлично во последната четвртина и успеаа да го стигнат заостанувањето. Последната четвртина Денвер ја доби со резултат 38:25.

До победата Наџентси ги водеа Џамал Мареј и Никола Јокиќ. Мареј запиша 26 поени, додека Јокиќ додаде 22 поени и 14 скокови. Ленард на другата страна постигна 36 поени.

Во седмиот меч помеѓу Торонто и Бостон стана јасно дека шампионот нема да ја одбрани титулата. Бостон во седмиот натпревар славеше со резултат 92:87 и ги елиминираа Рапторси.

Селтикси во финалната серија на источната конференција ќе играат со Мајами Хит.

Во мајсторката гледавме интересна кошаркар, Торонто не се предаваше, но сепак Бостон одигра одлична последна четвртина и стигна до победата. Селтикси до победата ги предводеше Џејсон Тејтум со 29 поени и 12 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…