Дома Останати Кошарка НБА Денвер поразен после пет натпревари, Јокиќ до дабл-дабл, чудесниот Дончиќ недоволен за Далас (ВИДЕО)

Денвер поразен после пет натпревари, Јокиќ до дабл-дабл, чудесниот Дончиќ недоволен за Далас (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Српскиот кошарка, Никола Јокиќ одигра уште еден добар натпревар, но овој пат неговиот Денвер не победи. Хјустон беше пресилен и славеше победа со 125:113. Јокиќ имаше учинок од дабл-дабл со 24 поени, 13 скокови и четири асистенции, додека Монте Морис додаде 21 поени, а Гери Херис 14.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во тимот на Хјустон лидер беше Џејмс Харден со 32 поени, 5 скокови и 14 додавања.ж

Тимот од Тексас се наоѓа на четвртата позиција на Западот со скор 23:16. За Денвер ова беше прв пораз после пет натпревари и останува лидер со 26:12.

https://youtu.be/qw5oLBiHH-o

Богдан Богдановиќ го предводеше Сакраменто до победа над Орландо со 111:95. Српскиот репрезентативец постигна 15 поени и додаде уште 8 скокови и 7 асистенции за 32 минути поминати на паркетот.

Во тимот на Орландо се истакна Никола Вучевиќ со 18 поени и 13 скокови.

Далас беше поразен од ЛА Лејкерси со 107:97, но Лука Дончиќ одново имаше феноменална вечер со 28 поени, 8 скокови и 2 додавања. (ТУКА)

https://www.youtube.com/watch?v=9MmZv7wfYGQ

Кај Лејкерси, Лонзо Бол уфрли 21 поен и додаде 7 скокови и 5 додавања, додека Брендон Инграм беше најефикасен со 29 поени.

НБА резултати:

Бостон – Бруклин 116:95

Хјустон – Денвер 125:113

Милвоки – Јута 114:102

Њу Орлеанс – Мемфис 114:95

Далас – ЛА Лејкерси 97:107

Портланд – Њујорк Никси 111:101

Сакраменто – Орландо 111:95

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…