Дома Останати Кошарка НБА Денвер во драматичен натпревар победи против Голден Стејт, дабл-дабл за Јокиќ, дербито за Бакси (ВИДЕО)

Денвер во драматичен натпревар победи против Голден Стејт, дабл-дабл за Јокиќ, дербито за Бакси (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.

Денвер Наџентси во драматичен натпревар славеа против Голден Стејт после продолженија со 134:131. Во поголемиот дел од натпреварот Денвер имаше двоцифрено заостанување за во последната четвртина да успее и да поведе. Јокиќ во последните моменти погоди и избори продолжение, после кое Наџентси стигнаа до триумф.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот центар го заврши натпреварот со учинок од 23 поени, 12 скокови и осум асистенции, додека во неговиот тим најефикасен беше Вил Бартон со 31 поен.

Клиперси со 122:95 беа подобри од Орландо, Каваи Ленард беше најефикасен кај победниците со 32 поени, Никола Вучевиќ за поразените уфрли 22 поени и запиша девет скока.

Феникс убедливо го совлада Њујорк со 121:98 со одличен учинок на Девин Букер кој постигна 29 поени, Рики Рубио додаде 25 поени и 13 асистенции, а Деандре Ејтон покрај 26 поени имаше и 21 скок.

Во дербито на Истокот Милвоки беше подобар од Бостон со 128:123. Јанис Антетокумпо имаше 32 поени и 17 скокови, Крис Мидлтон додаде 23 поени. На Селтикси не им беа доволни ниту 40 поени на Кемба Вокер.

Њу Орлеанс после продолженија стигна до триумд против Јута со 138:132. Брендон Инграм во победничкиот тим постигна 49 поени, Донован Мичел на спротивната страна уфрли 46 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…