Кошаркарите на Денвер поведоа со 2:0 во финалето на Западната конференција откако на свој терен славеа против Лос Анџелес Лејкерс со 108:103.
Српскиот центар Никола Јокиќ го забележа својот 13-ти трипл-дабл во плеј-офот со постигна 23 поени, 17 скокови и 12 асистенции. Сите поени Јокиќ ги постигна во првите три четвртини и ниту еден не постигна во последната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мареј одигра катастрофални три четвртини, меѓутоа токму кога Јокиќ во четвртата го немаше тој блесна. Вкупно постигна 37 поени, а дури 23 од нив беа во последната четвртина. Во редовите на Лејкерс Ривс и Џејмс постигнаа по 22 поени, Хачимура 21 и Дејвис 18.
По првата четвртина на семафорот стоеше нерешен резултат 27:27. На почетокот на втората Лејкерси беа подобриот тим и дојдоа и до двоцифрена предност 32:42. Меѓутоа, нагетси успеаа да се вратат и на пауза се замина со резултат 48:53.
Лејкерси повторно подобро почнаа од домаќините третата четвртина, Денвер преку Јокиќ, Портер и Браун се одржуваше резултатски во игра. Падот на Лејкерси започна од 36-тата минута кога предводени од Џамал Мареј домаќините го свртија резултатот и дојдоа до 2:0.
Сега серијата се сели во Лос Анџелес.