Осман Дембеле се врати на тренинзите на ПСЖ и викендов повторно ќе биде дел од тимот, откако се смирија страстите по конфликтот што го имаше со тренерот Луис Енрике.
Дембеле беше отстранет од првиот тим и го пропушти гостувањето на ПСЖ против Арсенал во Лигата на шампионите откако двајцата влегоа во жестока расправија по натпреварот во француското првенство против Рен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според различни извори, расправијата меѓу нив била многу сериозна, што го навело тренерот да ја донесе одлуката да ја изостави една од најголемите ѕвезди на тимот.
Дембеле денес јавно му се извини на својот тренер Луис Енрике и е вратен во тимот.