Дома Фудбал Дембеле не може да игра за Барса до крајот на сезоната

Дембеле не може да игра за Барса до крајот на сезоната

Осман Дембеле не може да игра за Барселона до крајот на сезоната во Ла Лига.

Францускиот фудбалер не е во можност да настапи во првенството бидејќи клубот во февруари го ангажираше и регистрираше Мартин Брајтвајт, откако Дембеле заработи повреда која го оддалечи од теренот неколку месеци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дури и ако биде подготвен за настап, специјалната дозвола која тимот од Камп Ноу ја доби за ангажирање уште еден играч после неговата повреда, му оневозможува настап на Дембеле во првенството.

Дембеле сепак ќе има право на настап во ЛШ, каде е регистриран заедно со останатите играчи, но сигурно дека тоа е мала утеха бидејќи постои можност Барса да одигра само уште еден натпревар во ова натпреварување.

Дембеле оваа сезона пред повредата одигра девет натпревари и постигна само еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вејн Руни го критикуваше Ван Дајк: Еден капитен не смее така да зборува

Легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни го критикуваше Вирџил Ван Д…