Голем број луѓе имаат работи од кои не можат да се откажат, а еден од нив е и фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле.
Дембеле не може да се откаже од видео-игрите, тој е зависен од нив. Пред три години Дембеле за 125 милиони евра потпиша за Барселона, меѓутоа таа сума никогаш не ја оправда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Французинот учествуваше во една анкета на која одговараше на интересни прашања. Едно прашањата беше: Без што би избрал да биде еден месец – без видео игри или без пријатели?
Францускиот фудбалер одговори без многу размислување.
„Немам дилеми. Подобро без пријател еден месец отколку без видео-игри“, одговори Дембеле.