Една од главните работи кои Чави сака да ги промени во Барселона се однесувањето на некои играчи, а тоа посебно се однесува на Осман Дембеле.
Пред неколку дена задоцни на тренингот, а сега направил нова глупост. Утрово Чави договорил состанок со екипата пред тренингот и на него Французинот не се појавил. Кога го побарале од клубот и го прашале зошто не дошол, Дембеле изненадено одговорил дека мислел дека состанокот е попладне, не наутро.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми најавуваат дека поради ваквиот пропуст Чави ќе го казни Дембеле и останува да се види на каков начин.