Дома Топ вести Дембеле ги преплашил сите во Каталонија: Не се појавил на тренинг и никој не знаел каде е повеќе од еден час

Дембеле ги преплашил сите во Каталонија: Не се појавил на тренинг и никој не знаел каде е повеќе од еден час

Осман Дембеле како упорно да сака да биде во центарот на вниманието поради работи кои немаат врска со теренот и фудбалот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фудбалерот на Барселона вчера не се појави на вчерашниот утрински тренинг. Како што објавено тој доцнел поради настинка и болки во стомакот, но дури во вечерните часови каталонските медиуми ја открија причината за неговото отсуство.

Имено, Французинот на никого не пријавил дека нема да присуствува на тренингот, поради што помошниците на Ернесто Валверде го барале на телфон. Сепак, не успеале да го добијат, па се загрижиле да не му се случило нешто.

Неизвесноста траела час и половина, бидејќи никој не можел да ја утврди неговата точна локација. Во неговиот дом го немало, барем така изгледало во прв момент, а никој од неговите блиски не бил упатен со случувањата. Меѓутоа после нешто повеќе од час и половина Дембеле се јавил на надлжените и пријавил дека не се чуствува добро и дека цело време бил во својот дом.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар го реши Силекс, но за шампионско славје ќе почека!

Фудбалерите на Вардар стигнаа до важна победа од 2-1 против Силекс и се наоѓаат на само че…