После последните пишувања на медиумите за неговата финансиска состојба следуваше жестока реакција од претседателот на Милан, Јонгхонг Ли.
Бројни медиуми ширум Европа повикувајќи се на информации од Кина пренесуваа дека сопственикот на Милан, Јонгхонг Ли банкротирал и дека го очекува запленување на имотот со најава дека „росонерите“ ќе добијат нов сопственик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа вечерва стигна демант и лично од Јонгхонг Ли.
Ли категорички ги демантираше тие информации нагласувајќи дека ова е само продолжување на кампањата која се води против него од кого го превзема Милан.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме неговото соопштение.
„Во текот на последните 48 часа во медиумите прочитав некои неодговорни приказни кои му наштетуваат на клубот, мојот бизнис, моето семејство и мене лично. Од кога го купив Милан се сретнав со повеќе потешкотии и врз мене се вршеше голем притисок. После најновите гласини и неодговорните приказни сакам да ја смирам атмосферата околу клубот“.
„Не разбирам што сакаат да постигнат со овие гласини, но тие дојдоа до точка кога започнуваат да му наштетуваат на клубот, мојот бизнис и моето семејство. Ја користам оваа прилика да објаснам, со надеж дека ова ќе биде последен пат. Ситуацијата со моите лични ресурси и целосно здрава, па моите фирми и клубот можат нормално да работат. Се надевам дека не се дава големо значење на тие вести кои се далеку од вистината, наместо тоа да се фокусираме на она што најмногу е важно, а тоа е да го засилиме тимот и да му дадеме поддршка на тренерот Гатузо“.
Dalla Cina il messaggio del Presidente Li Yonghong a tutti i tifosi rossoneri pic.twitter.com/gN4DFvUEMq
— AC Milan (@acmilan) February 20, 2018