Дома Фудбал Останато Дел Пјеро за првпат го коментираше дебаклот на Италија: Лоши и драматични моменти

Дел Пјеро за првпат го коментираше дебаклот на Италија: Лоши и драматични моменти

Италијанската фудбалска легенда, Алесандро Дел Пјеро за првпат јавно го коментираше тешкиот пораз на Италија од Македонија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дел Пјеро свој коментар даде за време на вчерашната трка во Формула 1 во Саудиска Арабија. Италијанската легенда беше еден од вип гостите на организаторите на трката во Џеда. Таа прилика „Скај Спорт Италија“ ја искористи да зборува со Дел Пјеро и на фудбалски теми.

„Не само што ова не се убави моменти, туку се и драматични. Ќе видиме што ќе се случува, репрезнетацијата мора да се консолидира, а фудбалерите да преземат одговорност. Убеден сум дека тоа ќе се случи, сега навистина е тешко да се размислува и да се прават проценки после вакво разочарување“, изјави Дел Пјеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …