Дома Фудбал Италија Дел Пиеро: Пирло има се што треба да биде подобар од Зидан

Дел Пиеро: Пирло има се што треба да биде подобар од Зидан

Зинедин Зидан во првите две ипол сезони како тренер освои три титули во Лигата на шампионите, но легендарниот Алесандро Дел Пиеро смета дека Пирло може да биде подобар од него.

Дел Пиеро за Јувентус играше од 1993 до 2012 година. Беше во клубот во сите пет години кои Зидан ги помина во Торино, а си замина една година по заминувањето на Пирло, но заедно поминаа многу години во италијанската репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пирло вчера стана тренер на Јувентус после отказот на Сари и Дел Пиеро верува дека има се што е потребно да стане врвен тренер.

„Не е баш фер да се споредува со Зидан затоа што тој прво го водеше младинскиот тим на Реал и беше помошник на Карло Анчелоти, но Пирло има се што е потребно да биде подобар од Зидан. Тој веќе го познава клубот, играчите, директорите…Така комуникацијата би требало да биде многу јасна. Задоволен бев кога слушнав и дека тој ќе биде тренер на У-23 меѓутоа тој ја прескокна таа скала и можам да му посакам само среќа“, изјави Дел Пиеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ ја покажа класата на тренингот пред натпреварот против Баерн 🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот ќе го играат првиот натпревар од осминаф…