Дома Фудбал Италија Дел Пиеро го открива рецептот како да се победи Јувентус

Дел Пиеро го открива рецептот како да се победи Јувентус

Јувентус оваа сезона изгледа незапирливо.

Се одиграа само осум кола во Серија А, а изгледа како да освојувачот е веќе познат. „Старата дама“ создаде предност од шест бода и во овој момент изгледа премногу моќно за да ја испушти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на „старата дама“ и легенда на клубот од Торино, Алесандро Дел Пиеро е презадоволен од ваквиот старт на својот поранешен клуб, а новинарите го запрашаа дали оваа сезона постои шанса некој клуб во Италија да го победи Јувентус.

„Јувентус правеше тим за напад на Лигата на шампионите, тоа е причината затоа што го доведоа Роналдо. Секогаш им недостасувал тој еден чекор“.
„Сепак, секогаш постои тој еден начи нда ги победите и тоа го кажувам за да им помогнам на останатите противници. Можеби повеќе храброст кога ќе дојдат во судир еден на еден. Во саботата Удинезе тоа не го правеше често. Играчите на Јувентус се одлични како поединци, но и како тим, а понекогаш мораат да бидат нападнати“.

„Противниците мораат да си кажат себе си: еј, можеме да им направиме проблеми“. Фофана им правеше проблеми неколку пати, но не беше доволно. Меѓутоа кога Јувентус со ваков тим ќе тргне во напад тешко е да ги запрете“, изјави Дел Пиеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…