Дома Фудбал Останато Дел Боске: Кога јас би бил тренер на некој клуб никогаш не би го довел Нејмар

Дел Боске: Кога јас би бил тренер на некој клуб никогаш не би го довел Нејмар

Прославениот фудбалски тренер, Висенте Дел Боске смета дека за шпанската Ла Лига би било добро Нејмар да се врати во Барселона.

Сепак Дел Боске никогаш не би го довел Нејмар во некој негов клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„За шпанскиот фудбал и лигата ќе беше добро Нејмар да се вратеше, но ако јас сум во некој клуб тогаш не би го довел никогаш. Тој е одличен играч, не се спорни неговите фудбалски квалитети, не го сакам поради други работи. Кога денес би направиле анкета помеѓу навивачите на Барселона сигурен сум дека најмалку 50% од луѓето ќе ви кажат дека се против неговото враќање. Тоа нешто кажува“, изјави Дел Боске.

Ќе потсетиме Нејмар ова лето на големо се поврзуваше со враќање во Барселона од каде што замина во ПСЖ и стана најскап фудбалер на сите времиња. Сепак, барем до следниот преоден рок Нејмар ќе мора да се помири дека ќе игра во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фа…