Дома Фудбал Делофеу игра на „сигурно“, погледнете каква клазула доби во договорот!

Делофеу игра на „сигурно“, погледнете каква клазула доби во договорот!

Шпанецот неодамна стана првото засилување за Барселона во овој преоден рок, а веќе се зборува за негово заминување од клубот.

Жерар Делофеу ги одби понудите од Милан и Рома за да го исполни детскиот сон и да си ја проба шансата во првиот тим на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој кариерата ја започна на „Камп Ноу“, но проценките беа дека нема квалитет за првиот на Барселона, па беше испратен на позајмици во Евертон и Севиља, а потоа и официјално стана член на тимот од „Гудисон Парк“.

После една сезона во редовите на „карамелите“, новиот тренер Роналд Куман го отпиша, па заврши како позајмен фудбалер во Милан, а токму „росонерите“ имаа намера да го откупат од Евертон ова лето.

Сепак, Барса се вмеша, ја активираше клазулата од 12 милиони евра и го врати. Му беше ветено место во првиот тим, па Шпанецот одлучи да остане.

Но, Делофеу ништо не препушти на случајноста тој се договори со Барселона за клазула во договорот според која може слободно да замине наредното лето доколку не добие адекватна минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…