Изминативе денови Перо Антиќ беше во центарот на вниманието откако на ракометниот спектакл се појави во дускер од Црвена Звезда.
Антиќ дојде во живо да го проследи натпреварот на 3. јануари помеѓу актуелните ракометни репрезентативци и ветераните, но најмногу по неговото појавување се зборуваше за дуксерот кој го носеше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јавноста жестоко го критикуваше и истакнуваше дека покажал непочитување кон Македонија со таквиот аутфит, а сега „Делиите“ му испратија порака на поддршка.
„Не те сакаат затоа што си наш, најдобро чувство е кога си ѕвездаш“, гласи пораката до Антиќ на вечерашниот натпревар помеѓу Звезда и Монако.