Дома Македонски спорт Мак фудбал Девет македонски прволигаши влегоа во постапка за европска лиценца

Девет македонски прволигаши влегоа во постапка за европска лиценца

Фудбалската федерација на Македонија го започна процесот и постапката за лиценцирање на клубовите во машка и женска конкуренција за добивање право на настап во рамки на европските натпреварувања во организација на УЕФА. 

Одделот за лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија веќе одржува работни состаноци со клубовите со цел детално претставуваење на новите правилници за клупско лиценцирање и условите кои клубовите треба да ги исполнат за да добијат можност да учествуваат во европските клупски натпреварувања. 


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Девет фудбалски тимови од Прва МФЛ (Струга Трим Љум, Работнички, Силекс, Скопје, Брегалница, Шкендија, Шкупи, Тиквеш и Македонија Ѓ.П.) се влезени во процесот на лиценцирање, додека во женска конкуренција вкупно четири клубови (Тиверија, Саса, Љуботен и Скопје) учестуваат во процесот за клупско лиценцирање.

– Генерално, клубовите кои се пријавени за клупско лиценцирање се запознаени со целокупната постапка, односно исполнувањето на критериумите предвидени во правилниците на УЕФА.

Условите кои се пропишани, сметаме дека релативно лесно можат да се исполнат од страна на клубовите.

Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на сите пријавени клубови им стои на располагање во однос на консултативни и стручни прашања, но многу поважно и поддршка во исполнувањето на критериумите за условите на стадионите, еден од најважните критериуми за лиценцирање, вели Горанчо Костовски, лиценцен менаџер во ФФМ.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …