Eурофарм Пелистер убедливо го победи Вардар и за првпат во својата историја го освои Суперкупот. Освен што ова е нивни прв трофеј во Суперкупот, ова е и прв трофеј во Битола после 16 години.
Битолчани го надиграа Вардар, посебно во второто полувреме кога доминираа и славеа со 31:22. Првиот дел беше изедначено, на пауза се замина со 14:14, но на стартот од вториот дел Е.Пелистер направија серија од 5:1 и дојде до водство од 20:16. Тоа беше прво поголемо водство во натпреварот, во тие моменти одличен на голот беше голоманот Мартон Секељ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вујовиќ се обидуваше да менува со 7 на 6 меѓутоа ништо од тоа не донесе резултат, место тоа предноста на Е.Пелистер дојде и до максимални 10 разлика.
Во финишот на мечот дојде и до мал дуел меѓу Стоилов и Немања Обрадовиќ, па и двајцата добија директни црвени картони.