Дома Фудбал Лига на шампиони Два гола на Џеко и победа на Интер, Ајакс со пресврт до триумф во Турција🎥

Два гола на Џеко и победа на Интер, Ајакс со пресврт до триумф во Турција🎥

Денес во терминот од 18:45 часот во Лигата на шампионите како и вообичаено се одиграа два натпревари.

Интер дојде до важна победа против Шахтјор Доњеск. Од почетокот на натпреварот Интер беше подобриот тим на теренот и заслужено на крајот „нероаѕурите“ славеа со 2:0. Во првото полувреме не видовме погодоци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двата гола беа дело на босанскиот напаѓач Един Џеко и тоа во период од само осум минути. Прво во 61. минута, па потоа во 68. стрелаше и веќе беше јасно кој ќе дојде до победата. До крајот тимот на Инзаги одигра рутински и го приведе натпреварот кон крајот, а во завршницата од мечот Сенси пропушти добра прилика за зголемување на водството.

Вториот натпревар кој се играше во истиот термин Бешикташ – Ајакс беше без резултатско значење. Ајакс го обезбеди пласманот во нокаут фазата претходно, додека Бешикташ немаше никакви шанси.

Ајакс успеа да слави со 1:2 и тоа со пресврт во второто полувреме. Чезал ги доведе домаќините до водство после дваесетина минути игра за потоа одличниот Халер во вториот дел да постигне два гола и да го постави конечниот резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…