Италијанскиот гигант Милан на крајот на месецот ќе го прослави 120-от роденден, па овој месец „росонерите“ ќе прават серија на иницијативи по повод роденденот.
Спонзорот „Пума“ на официјалната страница денес објави дека се подготвени специјални дресови во кои играчите на оваа екипа ќе играат на натпреварот против Сасуоло, кој е закажан за 15 декември.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После тој меч клубот ќе организира специјална гала цереминија на која ќе присуствуваат многу легенди и поранешни играчи на овој клуб.
Денес Милан објави славенично видео „120 години историја и страст“, со кое потсети дека иако поминува низ тежок период сепак е еден од најголемите и најтрофејни клубови во светот.
This is the story of our flag, of our pride, of passion and elegance. Past, present, and future. This is #ACMilan ❤⚫#Passion120 #SempreMilan pic.twitter.com/AHbKcCYRPv
— AC Milan (@acmilan) December 2, 2019